www.domaci.de Forum Indeks Home
Portal • Forum • Novi upisi • Pretraga • Link do nas • Domaći filmovi • Lista korisnika • Tim sajta • Proverite privatne poruke • Prijava • Registracija
Pravilnik • FAQ • Profil • Favorites • Galerija slika • Top lista • Download MP3 • MP3 razno • Spotovi • Noviteti 2013 • Muzički noviteti 2014

Skopje
Strana prethodna  1, 2, 3  sledeća
Upišite novu temu   Odgovorite na temu    www.domaci.de Forum Indeks -> ~ Svet i putovanja ~ -> ~ Znam za jedan grad ~
::  
Autor Poruka
ZOTE
Početnik Domaćeg.de
Početnik Domaćeg.de





Datum registracije: 01 Okt 2005
Poruke: 86

macadonia.gif
PorukaPostavljena: Pon Nov 21, 2005 3:09 pm    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

pinkie napisala: "
Krst na skopskom brdu

Skoplje krasi spoj modernih i arhaičnih, kako zdanja, tako, stiče se utisak, i načina života. Jedna od novijih građevina, koji se vidi iz bilo kojeg dela grada, bleštav u noći, je ogroman krst smešten na skopskom brdu, ali i elitnom delu grada Vodnu.

Krst još nije završen, a, prema rečima meštana, planira se izgradnja lifta kojim će biti omogućeno penjanje po njegovim kracima"

Evo kako izgleda Krsta na Skopskoj planini Vodno



 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 10:45 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Скопје низ вековите
Поради средишната местоположба на Балканскиот Полуостров , градот Скопје од дамнешни времиња до денес претставувал крстопат на важни патишта и комуникации . Затоа , политичката , економската и културната историја на Скопје е неизбежно сврзана со влијанијата на другите региони, градови и народи од средна Европа и од пооддалечениот Блиски Исток. Така пристигнувале и новите идеи и импулси за неговиот материјален и духовен подем. Низ овој град поминувале, се задржувале, заминувале и исчезнувале племиња, народи и владетели, се одвивале населувања и иселувања, живи миграциони движења. Затоа Скопје има бурна историја, исполнета со духовни влијанија, воени походи и етнички миграции, импозантни издигнувања и градби, но и катастрофални разрушувања пред налетот на природните стихии или на завојувачите. Но, секогаш останувал градот и неговото име кое, иако во текот на вековите варирало во изговорот и записот, ја задржало својата суштина назначена од неговите први основачи - древното племе на Пајоните (Пеонците), коишто својата населба ја нарекле Скупи, поим што означува стреи, колиби т.е. засолниште. Византиските документи го запишувале и како Скопиа, во средниот век Словените го означувале и како Скопие, Скопје, Скопље, а во времето на Османската империја било познато и како Искиб, Ускуп, Ускопље. Современиот град Скопје и понатаму опстојува на крстопатот на Балканот како модерен главен град на Република Македонија и како засолниште и дом на неговите граѓани и на сите добронамерни посетители.

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 10:46 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Трагите на праисторијата
Археолошките наоѓалишта во населбата Маџари (каде што постојат остатоци од куќи со подвижен инвентар, куќен жртвеник на божицата на плодноста - Мајка земја) и на Горниот град (тврдината „Кале“, каде што се пронајдени остатоци од земјанки, колиби и палисади), ја потврдуваат претпоставката на научниците дека просторот на денешно Скопје бил населен уште во каменото доба (раниот неолит), пет милениуми пред новата ера. За периодот на средниот и младиот неолит (околу 4500 год. пред н.е.), скудни артефакти оставиле археолошките локалитети во блиските села Говрлево и Зелениково, додека за периодот на енеолитот (крајот на камено доба околу 3000 год. пред н.е) постојат остатоци од укрепена населба на локацијата кај подоцнежната тврдина „Кале“. На оваа локација археолошките ископини укажуваат на постоење на куќи - полуземјанки со подвижен инвентар.

Оставнината на старите векови
За почетоците на стариот век на ова подрачје (околу 600-300 год. пред н.е.) постојат податоци за постоење на укрепени гратчиња кај селата Средно Нерези и Злокуќани и на тврдината „Кале“. Овие ископини говорат за изградба на одбранбени ѕидови, куќи и подвижни наоди од староседелците Пајони (Пеонци) и Трибали.

Во III век пред н.е. просторите на Скопје биле освоени и запоседнати од Дарданците. Ретките хроничари од тоа време не даваат многу податоци за животот на Дарданците, освен дека релативно примитивно обработувале земја, одгледувале ситен добиток и повремено се занимавале со лов и риболов. Но, и покрај ваквото развојно ниво, веројатна е претпоставката дека Дарданците основале населба на местото на Скопје. Денешните сознанија не даваат некаква појасна претстава за дарданската уметност. Меѓутоа, експанзијата на древна Македонија во времето на Филип II Македонски и Александар III Македонски во целиот тогаш познат свет, значела истовремено и напредување на Дарданија. Потврдата за овие позитивни влијанија во Дарданија може да се согледаат низ уметничкиот импорт на една хеленистичка надгробна стела, најдена на скопското „Кале“.

Римската окупација на Македонија по водењето на македонско-римските војни ги опфатила и областите на Дарданија, па оттука и градот Скупи. Неговото име за првпат во пишаната историја го спомнува токму римскиот историчар Титус Ливиус. Под римското владеење Дарданија, и особено Скупи, поминале низ темелни промени. Римската управа и администрација сосем ја измениле општествената организација на градот и создале нови економски категории, издигајќи ги културата и уметноста во Скупи и целата област на дотогаш недостигнато ниво. Подоцна, по римското освојување на Дакија, Скупи станало значајно место, наоѓајќи се на еден од главните магистрални воени патишта Via Militaris, што поминувал на потегот Рим - Белград - Ниш - Скупи - Стоби - Солун, со кој се поврзувал со магистралата кон Јадранскиот брег и Константинопол, Via Engatia.

Скупи во составот на римската префектура Илирик било се повеќе латинизирано, особено со колонизирањето на римските ветерани од VII легија. Оваа колонизација го изменила етничкиот состав на градот, така што речиси сите надгробни споменици од II , III и IV век се со латински натписи. За разлика од римските колонисти кои добиле граѓански права, староседелците ги изгубиле политичките права и биле изедначени со странците. Оттука е разбирливо што латинизираниот и значаен град Скупи добил римско Муниципално право, а во времето на императорот Хадријан станал град со римско право, град веќе толку познат во римскиот свет што се споменува во хроники и службени документи. За време владеењето на Римскиот император Тибериј извршена е првата поделба на тогашните балкански провинции, што конечно ги дефинирале императорите Диоклецијан и Константин I, кога и започнува доцноримската епоха. Од тогашна Горна Мезија издвоена е нова провинција, Дарданија, чие седиште на провинциската управа, а подоцна и на христијанските епископи, станало Скупи. На познатата „ Tabula Peutingeriana “ Скупи е претставен со вцртана вињета на картата, што означувало провинциски главен град. Низ изминатите децении и столетија на римското владеење, Скупи станало вонредно голема градска агломерација, диспонирана на широкиот простор меѓу реките Вардар и Лепенец. Ваквата распространетост на градот не е само хипотеза, туку и вистински основана реалност, видена низ интересни археолошки наоди, откриени и доста далеку од веројатната градска акро пола на Зајчев Рид. Фактот дека една терма, со соодветни функционални простории за ладно, млако и топло капење, е откриена близу до селото Бардовци, укажува на карактерот на градбите од пооддалечената перифе рија на Скупи. Меѓутоа, секако најинтересен објект од археолошките иско пувања е театарот на Скупи, откриен под акрополата. Во ископините од тоа време, посебно во некрополите, пронајдени се луксузни предмети: скапоцено сириско стакло, луцерни од Егеја и Италија, резбарен ќилибар, изработки од бронза и други реткости.

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 10:48 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Христијанизацијата на градот
Животниот континуитет на градот продолжил во римскиот период и во IV и V век, но веќе со радикално изменети соодноси што ги донела христијанизацијата. Во Скупи уште од времето на Константин I постоела развиена црковна организација. По легализација на Христијанството со Миланскиот едикт во 313 година, Скупи станува средиште на епископија. На првиот Вселенски собор во Никеја во 325 година присуствувал и епископот Дакус од Скупи. Во 343 година на црковниот собор во Сердика учествувал и скупскиот епископ Парегориус. Христијанството продолжува да се шири во градот и натаму, па еден век подоцна, во 451 година, во царската преписка се спомнува скупскиот епископ Урсинус. Од папската преписка од 491 година познато е името на уште еден епископ од Скупи - Јоханес. Овие историски податоци се сосем сигурна основа за претпоставка дека во времето меѓу овие три спомнати датуми имало и други епископи, како што е можно да се претпостави дека и пред епископот Парегориус можело да има и друг епископ или барем организирани христијани. Иако досега не се сосем разјаснети сите општествени импликации што ги донела христијанизацијата на населението, врз основа на достигнатите знаења од археолошките испитувања во Македонија може да се констатира дека христијанското население и епископите, како мецени, имале значајна улога во развојот и издигнувањето на уметноста. Досегашните ископувања, макар и само делумни, укажаа дека постојат христијански сакрални градби во Скупи. Една од нив (нејзиното постоење не е конечно проверено) е катедралната базилика од која, наводно, се откриени делови при откопувањето на театарот. За другата откопана базилика сликата е сосем јасна. Тоа е една трикорабна базилика на римските гробишта на Скупи меѓу Зајчев Рид и Бардовци. Оваа базилика, оддалечена од градскиот центар, сведочи за големата раширеност на градот и во христијанскиот период.

Низ вековите на Византиската доминација
Во текот на IV, V и VI век, под управата на Источната римска империја (Византија), Скупи се развил во град со сите атрибути на доцноримските (или рановизантиските) градови, со управни палати, амфитеатар, римски бањи (терми), фортификациски заштити, поплочени плоштади и улици, вододводни инсталации, христијански цркви и сл. Релативно мирниот период за рановизантиските градови во Македонија и за Скупи бил веќе нарушен од нападите на Хуните, Источните Готи, Аварите. Градот што се наоѓал на важен крстопат претставувал и незаобиколна точка на нападите на сите варварски и преселнички племиња означени со големата преселба на народите што ја изменила картата на народите на Европа. И токму во времето кога и покрај налетите на вараварските племиња градот продолжувал да опстојува и кога бил урбанстичко - архитектонски обликуван, во 518 година катастрофалниот земјотрес што ја зафатил скоро цела Македонија го разрушил и градот Скупи. Така неочекувано и одненадеж, низ една катаклизма, згаснал цивилизираниот живот и бил уништен уметничкиот амбиент на еден град. Во оваа несреќа не настрадало населението на Скупи, зашто непосредно пред земјотресот тоа го напуштило градот пред наездата на Аварите и се засолнило на планината Скопска Црна Гора. Најзначаен запис од ова време потекнува од канцеларот на Јустинијан I (527-565), Марцелинус Комес, кој во својата „Хроника“ забележал дека земјотресот ја погодил провинцијата Дарданија и разурнал „24 кастели“, меѓу кои и метрополата и епископскиот стол Скупи. Не се знае дали по земјотресот новата населба добила и ново име, зашто, по тогашните верувања, несреќата од настраданиот град не се пренесувала на новиот. Тој бил подигнат на просторот околу Горниот град („Калето"), устието на реката Серава во реката Вардар, селото Таор и Планината Водно. Токму во утврдената крепост Тауресиум (с. Таор, што се наоѓа во непосредна близина на денешно Скопје) се родил големиот византиски император Јустинијан I (483-565), којшто со особени наклоности гледал на растежот и иднината на својот роден крај. Во негова чест биле подигнати бројни раскошни градби: резиденции, водоскоци, палати, плоштади, водоводни и други значајни објекти.Оттаму постои и хипотезата дека новиот град Јустинијана Прима, основан 535 година од Јустинијан I се наоѓала на просторот на денешно Скопје. Неговиот епископ Антис станал архиепископ на сите диецези во Источен Илирик. Архиепископите во овој, сeуште загадочен град, биле воедно и наследници на скопските епископи. Затоа истражувачите ја поврзуваат Јустинијана Прима со Скопје. Тогаш е образувана и афтокефална архиепископија Јустинијана Прима (535-545 г.). Но, по смртта на императорот Јустинијан I, на Балканскиот Полуостров навлегуваат племињата на Словените и масовно се населуваат во овие краишта, останувајќи во нив засекогаш. Со незадржливиот продор на Словените на Балканот, во 694/5 година словенското племе Берзити (Брсјаци) го зазело градот и му ја дале современата форма на неговото име - Скопје.

Во следните три столетија нема пишани траги за судбината на градот, се до крајот на X век, кога била создадена средновековната македонска држава, на царот Самуил (976-1014 ). Во тој период Скопје прераснало во значаен град на централизираната држава, а скопските трговци воспоставиле врски со соседните градови и градовите на Јадранскиот брег. Во времето на царот Самуил заповедник на Скопје бил Роман, кој во решавачката битка меѓу византиските и Самуиловите војски во градот (1004 година) извршил предавство, препуштајќи го Скопје во рацете на византискиот император Василиј II. Трагичниот крај на Самуил по битката на Беласица (1014), одново донел тежок живот за градот.



Следувале нови и краткотрајни востанија против централната византиска управа и тоа востанието на Петар Делјан (1040-1041), внук на царот Самуил и востанието на Ѓорги Војтех (1072-1073). Нестабилната политичка состојба, со напади и освојувања, бунтови и востанија продолжила, па така во 1081 година, Норманите го нападнале и го ограбиле Скопје и со него владееле до 1088 година. Во 1093 година, српскиот жупан Вукан ја прекинал норманската доминација. Но, Норманскиот херцог Бемунд Таренски во 1097 година повторно ја потчинил целата Полошка котлина, вклучувајќи го и Скопје. За релативно краток период, низ градот минале мнозина освојувачи. Бугарскиот цар Калојан е првиот од многуте краткотрајни владетели (1204). Три години подоцна знамето на господарот на Просек (Демир Капија), Добромир Стрез се виорело над градот се до 1215 година. А, по него повторно Бугарите, Византијците, Србите. Во овие општи политички состојби Скопје немало услови за развој.

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 10:49 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Скопје под власта на српските средновековни владетели
Војските на династијата Неманиќи во 1282 година, со победата над Византија, ги освоиле и териториите на Македонија на југ се до Солун. Скопје под воената административна и духовна управа на оваа српска династија го започнал својот развој на левиот брег на реката Вардар, на денешните простори на Скопско Кале - Стара Чаршија - Чаир до Гази Баба. Во целиот нареден век, се до 1392 година , на овие простори биле изградени значајни духовни објекти (цркви и манастири), управни и трговско - занаетчиски дуќани, со што градот ги попримил сите атрибути на средновековен град и одново започнал да претставува значаен политички, економски, духовен и културен центар на Балканот.

Владетелот на средновековната српска држава, Душан Стефан во Скопје бил крунисан за цар во 1346 година. Прогласувањето на Душановиот законик во 1349 година, со кој се регулирале најразлични аспекти од приватниот и општествениот живот, придонел Скопје да стекне исклучителна важност како политичко, културно и трговско средиште. Најголемите трговци на тоа време, Венецијанците и Дубровчаните , имале свои складишта во градот. Долги карвани запирале на починка, снабдувајќи го градот со стоки од најразлични краишта на Европа, Блискиот и Далечниот Исток, Африка и други.

Но, на Истокот се издигнувала нова империја - Османската, којашто започнала да се проширува кон Европа. Дел од старите средновековни христијански држави заминувале од историската сцена. На 19 јануари 1392 година Скопје под власта на Османлиите станал Ускуп.

Под османска власт
Завладувањето на Скопје од страна на османската војска и воспоставувањето на османското владеење во Македонија довело до крупни измени во стопанско-политичкиот живот на Скопје. Градот како важен крстопат на патиштата што минат низ Балканот и го сврзуваат со Европа и Азија, во текот на времето добивал сe поголемо значење за Турците, како упориште во нивните натамошни освојувања. Поради овие и други причини, Скопје спаѓало во оние градови што почнале бројно да се зголемуваат со придоаѓањето на Турците како воена посада и за вршење одредени служби и занимања. Веќе во 1469 г. во Скопје имало безистен (покриена чаршија) со многу дуќани и карван-сарај, каде што со своите стоки и добиток отседнувале трговци и патници - Арапи, Евреи, Грци, дубровчани, венецијанци и др. За развојот на трговијата на Скопје придонеле доста Евреите, кои се населиле во XV и XVI век и образувале своја колонија во Скопје. Од искажувањата на турските патописци Хаџи-Калфа и Евлија Челебија се дознава дека Скопје во XVII век имало повеќе видови занаети организирани во еснафи. Како и во другите градови на Македонија, во ова време е постојан приливот на муслиманско, еврејско и христијанско население во Скопје. Тоа е главна причина за бројното зголемување на жителите на Скопје. Оценувајќи го овдешното население во седмата деценија на XVII век, Евлија Челебија наведува дека Скопје тогаш имало 10.060 куќи. Скоро исти податоци за бројот на куќите во Скопје биле изнесувани за време на нападот на Пиколомини врз Скопје.

Мирнодопските времиња на Скопје биле прекинати со навлегувањето на австриската војска во Македонија во 1689 година. За време на австро-турската војна (1683-1699) австриските единици, под командата на генералот Пиколомини, во своето напредување сe подлабоко навлегувале во внатрешноста на Европска Турција и по заземањето на Качаничката тврдина, се спуштиле во Скопско Поле. На 25 октомври 1689 година Австријците без големи борби го освоиле Скопје, бидејќи турската војска и населението се повлекле од градот. Но, откако во Скопје се појавила чума, и поради тоа што немал достатно војска и веќе многу се оддалечил од главните делови на австриските сили, Пиколомини решил веднаш да го напушти градот. По негова наредба Скопје било запалено и пожарот, што траел два дена (26 и 27 октомври) проголтал голем дел од неговите куќи и дуќани. Особено многу настрадал еврејскиот дел на градот, во кој изгореле скоро сите живеалишта, две синагоги и еврејското училиште.

Продорот на австриските војски во Македонија влеале надеж кај македонското население дека веќе се одброени деновите на турското господство. Меѓу другото, тоа биле причините за избувнување во 1689 година на познатото Карпошево востание. Со повлекувањето на австриските војски од Македонија, востаниците останале сами да ја бранат ослободената територија. Во крвавите судири со далеку помногубројната и подобро вооружена турска војска, востаниците биле поразени, а самиот Карпош заробен. Тогаш селата во Скопската нахија и христијанските маала во Скопје биле изложени на крвави пресметки и разурнувања. Заради заплашување на населението, Карпош бил набиен на кол кај Камениот мост на Вардар во Скопје и фрлен во реката. За да го зачуваат голиот живот, мнозина биле присилени да ги напуштат засекогаш своите домови и да емигрираат во северните краишта на Балканскиот Полуостров, зад Сава и Дунав. Австриско-турската војна со опожарувањето, Карпошевото востание и уништувањата, го уназадиле градот. Крупните слабости на турскиот систем се зголемувале со што се зголемиле и тешкотиите на христијанското население. Поради големите реквизиции за турската војска и натурените вонредни давачки, настанало значително осиромашување. Дезертерите и одметниците немилосрдно ја тероризирале и ја ограбувале рајата, а завладеаната анархија и слабеењето на власта на Портата придонесувале за ширење на ајдутството во Македонија, како и во другите земји на Балканот. Населението на Скопје и околните места страдало многу и од чести епидемии на колера и чума, кои одземале многубројни животи. Третата и четвртата деценија на XIX век со себе довеле поповолни услови за подигање на градското стопанство по делумното подобрување на внатрешната состојба на Европска Турција. Тоа позитивно влијаело процесот на урбанизација на Македонија да забележи видни резултати. Според соопштенијата на францускиот патописец Ами Буе, од 1836 до 1938 г. Скопје имало најмалку 10.000 жители и по бројот на населението се наоѓало само зад Солун, Битола и Серез. Веќе во 1852 година Скопје е проценувано на 20.000 души, а со приливот на селани од околните места значително е изменет етничкиот состав на неговото население во смисла на негово македонизирање. Скопје израснува во важен трговско-занаетчиски центар, за што говори фактот дека во средината на XIX век во Скопје постоеле околу 60 разни занаети, а еснафите располагале со сопствени анови .

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 10:53 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Националната преродба и борбите за
формирање на национална држава
Поиздигнатите припадници на стопански зајакнатиот трговско-занаетчиски слој во Скопје (трговецот Хаџи Трајко и др.), како и во другите градови на Македонија, за успешен развој на својата стопанска дејност станувале носители на движењето за еманципација од странско црковно влијание, првенствено грчко, поради што ѕидале цркви и отворале училишта. Со средства и усилби на месните трговци и занаетчии биле подигнати црквите Св. Спас и Св. Богородица во Скопје и отворено јавно словенско општинско училиште во 1835 - 1836 г. Учителско-просветителската дејност на познатиот македонски преродбеник и книжевен деец Јордан Хаџи Константинов-Џинот во Скопје наоѓала добра почва за ширење на отпорот против елинизацијата и за заменување на грчкиот со говорниот македонски јазик во богослужбата, во училиштата и световната употреба воопшто. Во 1850 година македонскиот преродбеник Ј. Хаџи Константинов - Џинот раководел со училиште во кое наставата ја посетувале 179 ученици. Отпорот прераснувал во движење за елиминирање на грчките свештени лица од местата и должностите за раководење на црковно-училишните работи, што довело до прекинување на врските меѓу скопјани со Цариградската патријаршија и до образување на нивна црковно-училишна општина. Но, наскоро на придобивките на македонската преродба се накалемила пропагандната дејност на Бугарската егзархија, формирана во 1870 година. Сепак, дел од македонскиот свештенички кадар не ја напуштил идејата за формирање во рамките на Османската империја на уште една македонска православна црква, преку обновувањето на Охридска архиепископија, укината од Турците. Оваа идеја и активност била предводена од скопскиот егзархиски митроплит Теодосиј Гологанов. Неговата дејност била сосечена уште во самиот зародиш и во 1891 година Гологанов бил сменет од неговата функција во Скопје, а на почетокот на 1892 година и бил протеран од градот.

Од 60-тите години на минатиот век се подобриле сообраќајните врски на Скопје со изградба на подобри патишта и трасирање на железнички линии. Во 1873 година била предадена во употреба железничката линија Солун - Скопје, од која, идната година, бил продолжен крак до Косовска Митровица, со што Скопје станал важен сообраќаен јазол.

Меѓутоа, Македонија како дел на Османската империја не можела да остане надвор од востанијата и војните водени за времето на т.н. Голема источна криза (1875-1881). Поразена и на воено и на дипломатско поле, Османската империја морала да ги прифати решенијата на Берлинскиот конгрес (1878 година) кога таа изгубила голем дел од своите европски владенија. Тогаш заокружување на националната независност стекнале Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, а во Босна и Херцеговина влегле австро-унгарските окупациони сили. Овие бурни настани се одразиле и во Македонија, која исто така била зафатена со бран на ослободителни буни и востанија (Разловечкото 1876 година, Кумановско-кривопаланечкото и Пијанечкото во 1878 г. и големото Македонско кресненско востание од 1878 година). Но, Берлинскиот конгрес ја оставил Македонија во рамките на Империјата и во следните децении. Крупните промени на политичката карта на Југоисточна Европа по Големата источна криза довеле до две круцијални промени за Македонија, па оттука и за градот Скопје.

Имено, како резултат на ослободувањето на територијата на Бугарија и на јужните делови на Србија, сето муслиманско население (Турци, Албанци, Помаци, Черкези, Татари и др ) започанло да ги напушта своите домови и да се повлекува со турската војска. Еден голем дел од оваа бегалска маса (познати и како мухаџири) пристигнал и во Македонија, а дел од нив и во неа се населил, со што се зголемил бројот на муслиманското население во одделни нејзини подрачја. Скопје било еден од првите попатни станици на оваа преселба. Османската власт по одминувањето на воената состојба преземала мерки и трајно да ги насели своите изгонети муслимански поданици. Покрај другото, во Скопје била изградена и посебна населба т.н. Мааџир Маало, што се одликувала со урбанистички план на изградба на улиците и куќите. Доселувањата во Македонија не стивнале и во наредните години во неа започнале да пристигнуваат Бошњаците од Босна и Херцеговина.

Како резултат на Големата источна криза настанала уште една крупна политичка промена за Македонија, таа од централна станала периферна турска провинција што директно влијаело врз развојот на организираното македонско националноослободително движење. Во матицата на ова движење ќе се најде Македонската револуционерна организација (од 1896 - ТМОРО, од 1905- ВМОРО) со зацртаната цел - Македонија да прерасне во посебна политичка единка на Балканот. За таа цел ги обединила националните сили и ја организирала целокупната територија на Македонија во илегална организациона мрежа. Напоредно со борбата против османската управна власт, МРО си поставила задача и да се бори против странските училишни и црковни пропаганди на околните балкански држави, поврзани со нивните завојувачки планови кон Македонија. Скопје станало центар на еден од петте македонски револуционерни окрузи - Скопскиот револуционерен округ, кој ги опфаќал ококолиите: Скопска, Кумановска, Кривопаланечка, Кратовска, Кочанска, Велешка и Штипска. Токму на територијата на овој округ својата учителска и илегална револуционерна дејност ја изградувале Ѓорче Петров и Петар Поп Арсов во Скопје, а во Штип својата револуционерна дејност ја започнал и идеологот на македонското националноослободително и револуционерно движење Гоце Делчев. Неуспехот на Илинденското востание во 1903 година со себе повлекло и неуспех на оваа револуционерна генерација на македонски општетсвеници да ја спроведат во дело идејата за формирање на македонска национална држава.

Во последните децении на турското владеење во Македонија, Скопје станало и центар на вилаетската управа на Скопскиот (Косовскиот) вилает. Во периодот 1900-1908 г. Афуз-паша изградил повеќе објекти во Скопје: „Ислахана“ (занаетчиско училиште за сиромашни деца со интернат), „Идадија-Мектеба“ (училиште-гимназија) и ги уредил коритата на реките Вардар и Серава. Како управник (валија) на градот го подигнал и денешниот Градски парк. А во 1906 година Шефкет-паша ја изградил првата театарска зграда. Изградена била и нова зграда на Скопската митрополија (разурната во земјотресот 1963 година).

Младотурската револуција од 1908 година со себе довела нови услови за организирање на општесвениот живот т.е. формирање и легално функционирање на политички партии во Империјата. Уште пред Младотурската револуција, во Скопје во 1904 г. постоело жариште на социјалистичките идеи на работниците. Во Скопје се создале и ограноци на Народната федеративна партија на Јане Сандански, на конституционите и албанските клубови и на други политичко-пропагандни организации. Меѓу првите легални синдикати во Македонија бил основаниот во 1908 година Синдикат на чевларските работници во Скопје. Во почетокот на 1909 година се образува мешан синдикат во Скопје под раководство на М. Цоков, Т. Крајчев и И. Стевчев, во кој биле опфатени работници чевлари, шивачи, железничари, бојаџии, трговски помошници и кафтанџиски работници. На 7 јануари 1909 г. била основана месна социјалдемократска организација во Скопје, а во 1910 година започнал да излегува весникот „Социјалистичка зора“ и биле организирани и изведени низа успешни штрајкови. Така, во Скопје во 1909 година за прв пат во Османската империја бил прославен Први мај. Истата година била пуштена во работа и првата електична централа со сила од 60 кс, а во скопската кафеана „Англетер“ била изведена и првата филмска проекција.

Ветришта на војните
Двете Балкански војни (1912-1913) за Македонија означиле завршување на една епоха - од една страна на османската, но од друга страна, настапила епохата на дезинтегрирање на македонската етничкогеографска целина, како резултат на нејзината територијална поделба меѓу трите балкански држави Бугарија, Србија и Грција. Во 1912 година на 24 и 25 октомври, во Првата балканска војна, турските трупи го напуштиле Скопје, а на 26 октомври Моравската дивизија на српската војска го заземала градот. Букурешкиот мир од 1913 година што уследил по завршувањето на војните ја санкционирал оваа поделба. Таа довела до масовни погроми, присилни миграции и етиничко чистење на цели македонски села и градови од пределите што и припаднале на Грција.

Скопје влегло во составот на Кралството Србија и поради неговата стратешка положба добило примат како гравитационо подрачје на новоосвоените територии. Во тие години бројот на неговите жители бил 47.000. Набргу следела и Првата светска војна (1914-1918). За време на оваа војна, Скопје потпаднал под окупацијата на бугарско-германско-австриските војски. По завршувањето на војната, мировните договори што следеле само ја потврдиле тројната поделба, според која, вардарскиот дел на Македонија (територијата на денешна Република Македонија), влегла во рамките на новосоздадената држава - Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, пиринскиот дел од Македонија останал под Бугарија, додека најголемиот, егејскиот дел под Грција. Еден мал дел од територијата на Македонија околу Преспанското Езеро се нашол во рамките на новоформираната албанска држава. Во 1918/19 година во Скопје, во чест на загинатите војници при пробивот на Македонскиот фронт (познат и како Солунски фронт) биле подигнати француските воени гробишта и погребани 3930 француски војници, како и англиски воени гробишта, кадешто почиваат 120 англиски војници.

Во новите услови, Скопје прераснал во стопанско и политичко средиште, а како резултат на незадоволството од воспоставениот српски асимилаторски режим, Скопје станува и средиште на засилена комунистичка активност. Во јануари 1920 година, во градот била одржана првата обласна партиска конференција на која бил избран Покраински партиски секретаријат за Македонија, со седиште во Скопје. Набргу потоа продолжило и печатењето на весникот „Социјалистичка зора". Правилната политика водена од страна на југословенското комунистичко движење во однос на македонското национално прашање довело до тоа на изборите за општински управи (1920), комунистите да го добијат мнозинството гласови во општината Скопје. Но, овие легални изборни резултати траеле само 90-тина дена бидејќи државниот апарат на Кралството СХС со законскиот акт познат како „Обзнана" (1920 г.) и со Законот за заштита на државата (1921 г.) го забранил легалното дејствување на Комунистичката партија на Југославија. Таа морала да премине во илегално дејствување. Следеле апсења и терор врз политичките опоненти на режимот. Девет години подоцна (1929 г.), следела и скоро тригодишната лична диктатура на кралот Александар Караѓорѓевиќ кога всушност, замрел парламентарниот живот во државата. Сите овие настани биле поврзани и со периодот на големета свтска економска депресија: населението рапидно осиромашувало, безработицата се зголемувала, а незадоволството прераснувало во отворен отпор и непомирливост.

Сепак, Скопје како град бележел свој подем. Тој ги зафаќал површините на десниот брег на реката Вардар (денешните простори на „Дебар Маало", „Буњаковец", „Козле", „Маџир Маало", „Крнево", „Пинтија", „Кисела Вода" и др.) Во 1923 г. во градот бил изграден и првиот модерен хотел-реторан "Бристол", а во следната 1924 г. била изградена и првата парна пиварница соственост на чешко акционерско друштво. Во периодот 1928-1931 година биле донесени и урбанистичките планови на градот од архитектите Д. Леко и Јосиф Михајловиќ, при што била изградена првата градска улична мрежа. Во периодот 1920 до 1940 г. во градот биле изградени главниот плоштад (денешниот плоштад „Македонија") што бил урбанистички оформен и архитектонски обликуван со значајните објекти: зградата на „Народната банка" со мермерни фасади, монументалниот „Офицерски дом", „Палатата Ристиќ", „Палатата Мазура" и др. Тогаш била изградена и главната градска улица (денешната улица „Македонија") и раскошната железничка станица, една од најубавите на Балкаанот. Исто така и просторот на левиот брег на реката Вардар околу „Пајко Маало" и „Еврејското Маало" бил современо обликуван со домот „Ибни Пајко", станбените згради на Личеновски, Велкови и со прочуената зграда на Скопскиот театар. Во Скопје во 1928 г. била премиерно изведена „Бегалка" на македонскиот писател Васил Иљоски под наслов „Ленче Кумановче", а во 1936 г. и праизведбата на драмата на Анотон Панов „Печалбари". (Голем дел од овие убави објекти настрадале и биле разрушени во катастрофалниот земјотрес од 1963 година).

Новата административно-територијална поделба на Кралството ја промени ла положбата на Скопје: градот во 1929 г. станал седиште на т .н. Вардарска бановина, во која влегувала цела Вардарска Македонија, Јужна Србија и Косово. Но, изградбата на градот не ги следела и потребите на неговото население во однос на асимилаторската политика на српската буржоазија проследена со силна пропагандна машинерија и насилна промена на македонските лични имиња и презимиња, присвојување на македонската традиција и историја. Отпорот кон оваа политика не можел да се води на релацијата на јавниот политички живот кадешто приматот го имале само српските граѓански партии кои истотака имале негаторски однос кон нерешеното македонско национално прашање. Од тие причини и понатаму големо влијание врз отпорот кон оваа политика се одвивал на нивото на илегалната активност на КПЈ. Во 1933 година во Скопје бил формиран Обласниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија, а во 1940 г., во Скопје била одржана Покраинска конференција и бил избран Покраински комитет на КПЈ за Македонија. Со штрајкови и други акции, постојано и позачестено се кревал гласот за социјална правда и национални права на Македонците. Така, на 5 февруари 1939г., по повод смртта на Карел Чапек, одржана била комеморација во Скопје, пришто бил осуден фашизмот и изразена солидарност со народите на Чехословачка. Истата година по повод 150 годишнината од Француската револуција (14 јули), во Скопје бил објавен Крушевскиот манифест на Илинденското востание од 1903 година. Периодот 1940/41 г. бил период на масовни штрајкови и демонстрации, а на 25, 26 и 27 март 1941 г. тие го достигнале својот максимум организирани против приклучувањето на земјата кон Тројниот пакт (Германија, Италија, Јапонија). Во демонстрациите учествувале над 20.000 скопјани. Над Европа се наближувале ветриштата на нов воен судир.

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 10:58 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Втората светска војна
Историјатот на градот Скопје за времето на Втората светска војна (1939-1945) во многу нешта приличи на голем број други окупирани градови ширум Европа: разурнувања, воспоставување на окупаторска власт, прогони, терор и тортури и како одговор на тоа развој и јакнење на движењето на отпорот. Војната на југословенските простори го погодила Скопје уште од првиот ден, кога на 6 април 1941 г. тој станал цел на жестоко фашистичко бомбардирање (околу 600 загинати и над 1.000 ранети жители на градот со разурнување на јавни и станбени објекти). Веќе на 7 април, во градот влегле првите германски окупациони војски, а потоа на 21 април и бугарските фашистички трупи. Официјалниот бугарски фашистички режим во Македонија ја повторил истата грешка на своите претходници - српскиот асимилаторски режим: одново следела насилна промена на личните имиња и презимиња, приграбување и преименување на традицијата и историјата, негирање на отвореното македонско национално прашање. Се поставувало само прашањето на денот - кога одново ќе биде разгорен масовниот граѓански отпор против водењето на оваа политика.

Геостратешката позиција на Скопје повторно одиграла клучна улога за неговите жители, затоа бугарскиот окупатор на градот му посветила особено внимание. Имено, во него биле распоредени големи воено-полициски и административни сили, голем број разновидни окупаторски институции и органи: Штабот на V -та бугарска окупациона армија и штаб на воена дивизија, седиштето на административна област и на обласната, околиската и на градската полиција, широка мрежа на полициски станици во околијата, банки и пропагандни установи. Со цел на што поефикасно изведување на новата асимилацијиона политика бугарската фашистичка власт формирала и 42 најразлични организации и друштва, посебна Дирекција за пропаганда, „Радио студио“, а отпочнале да го издаваат и весникот „Целокупна Б’лгарија". Кадрите и административниот апарат за овие установи и организации, исто како и претходно на Србите од Србија, биле донесени од Бугарија. Тројното намалување на вредноста на динарот при замената за левовите директно влијаело врз осиромашување на населението.

Во услови на окупација и поделба на земјата единствената политичка партија којашто можела да продлжи да функционира во настаната ситуација била КПЈ поради нејзиното веќе долгогодишното искуство во илеганото функционирање. На ова се надоврзувал и фактот дека таа имала правилен став по однос на нерешените национални и социјални прашања на Кралството Југославија. Така, за време на Втората светска војна, КПЈ предводена од Јосип Броз Тито се нашла во центарот на организирањето на антифашистичкото движење на отпорот на целата територија на југословенската држава, па оттука и во Македонија. На македонските простори движењето на отпорот во себе носело уште една компонента - континуитет на националноослободителното револуционерно движење за формирање на Македонија како националана држава на македонскиот народ.

Со разгорување на војната на светските боишта , Скопје с# повеќе се развило како центар од каде што се раководело движењето на отпорот во Македонија. Во него биле создадени покраински и месни раководства, воени комисии-штабови и се донесувале значајни одлуки и планови во врска со оружената борба. Во Скопје ПК КПЈ за Македонија и Главниот штаб, во духот на политиката и директивите на ЦК КПЈ, работеле врз подготвувањето, подигањето и развивањето на оруженото востание. Уште во текот на јули 1941 година во Скопје биле образувани партизански тројки и групи кои подоцна станале јадро на партизанските одреди, а постоела и илегална работилница за поправка на оружје и за изработка на експлозивни средства. Веќе на 22 август 1941 г. бил формиран Првиот скопски партизански одред, а во истата година, на 11 октомври јавно се прогласило отпочнувањето на антифашистичкото вооружено востание на македонкиот народ против окупаторите. Тоа биле диверзантски акции на партизанските одреди во Прилеп и Куманово. Во разгорот на Народноослободителната борба, на 7 јануари 1942 година во Скопје се одржало партиско советување, познато како „Јануарско советување". Следел силен одговор на фашистичкиот режим: терор, блокади, претреси, депортирања, судски процеси и стрелања. Сепак н из градот и низ целата земја продолжило растурањето на илегални прогласи и летоци, по ѕидиштата се пишувале антифашистички, антиокупаторски графити.

Како резултат на овие акции на окупаторскиот режим во текот на 1941/42 г., ослободителното движење во Скопје претрпело големи загуби во кадри, особено од раководните, што довело до извесен застој на движењето. Но веќе во периодот на развојот на ослободителното движење во Македонија, во 1943 г., Скопје одново го зазел своето значајно место. Така, во почетокот на 1943 г., во Скопје биле донесени голем број историски одлуки, од значење за македонскиот народ и за ослободителната војна: одлуките за создавање на Комунистичка партија на Македонија; за реорганизација на Главниот штаб на НОВ и ПОМ; за оперативните зони; за обласните комитети и многу други. Скопје оново станал центар од каде што била раководена оружената борба и организацијата на КПМ во V област, што ја опфаќала територијата: Скопје, Радуша, Куманово, Крива Паланка и Кратово. Во него дејствувал Обласниот комитет на чело со Кузман Јосифовски-Питу, член на Централниот комитет на КПМ. Во тој период започанло зацврстување на врските со движењата во јужниот дел на Србија, со Косово, со движењето на антифашистичкиот отпор во Бугарија и со обласните комитети во другите делови на Македонија. Од Скопје се раководело и со организационо политичката работа и содејствата на партизанските одреди на Шар Планина и на Козјак.

Скопје останал да биде жив сведок и на уште една голема трагедија што со себе ја довела оваа војна: на 11 март 1943 година од Скопје биле депортирани скоро сите македонски Евреи. Тие претходно биле собрани од страна на бугарските фашистички власти од сите градови на Македонија ( што и припаѓале на на бугарската окупациона зона) и биле донесени на својата прва станица на патувањето без враќање - Скопје. Како привремен логор во Скопје послужила зградата на Монополот. Сите македонски Евреи на број околу 7.200 ( само од Скопје 3.286) бугарската царска држава им ги предадала на нацистите кои ги организирале транспортите кон Треблинка - нацистичкиот логор на смртта во Полска.

Состојбата на оружената борба во Македонија , во есента 1943 г. не се разликувала од состојбата во цела Југославија. Во 1944 г. се создала и народноослободителна војска на Македонија како и формирањето на слободни територии во неколку подрачја. Од 1943 г. засилен бил приливот на борци од Скопје во партизанските одреди и воените единици. Но во 1944 г. македонското ослободително комунистичко движење претрпело голема загуба. На 25 февруари, при обидот да се пробие низ бугарската полициска блокада загинал Народниот херој - Кузман Јосифовски-Питу.

Одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, настаните што со голема брзина се одвивале на светските боишта како и нараснатите потреби и надежи на македонкиот народ за формирање на македонска држава го условиле свикување то на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија - АСНОМ на 2 август 1944 г. во манастирот Прохор Пчински . Сите овие настани во втората половина на 1944 г. ги засилиле борбите за ослободување на Македонија, а посебно за Скопје. Кон крајот на август започнало масовно префрлување на младинци во партизанските единици. Во исто време, на 29 август, било изведено бегство на околу 300 политички затвореници од затворот во Идризово. Нив ги прифатила Третата македонска народноослободителна ударна бригада и веќе следниот ден сите заедно се судриле со окупаторот. Тоа било време кога Народноослободителната војска на Македонија прераснувала во крупни воени единици: бригади, дивизии и корпуси, додека во самиот град дејствувале помали единици - герилски групи вршејќи диверзантски акции. На 29 октомври истата година бил отпечатен и првиот број на весникот „Нова Македонија" (печатен во с. Горно Врановци).

На 12 ноември, взори, започнале борбите за ослободување на Скопје, а веќе следниот ден на 13 ноември 1944 година градот бил конечно ослободен. Во борбите за неговото ослободување учествувале: Дванаесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесеттата бригада. За ослободувањето на Скопје животите ги положиле 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 жртви на фашистичкиот терор.

Непосредно по ослободувањето, уште во првите денови, започнал процесот на конституирањето на новата власт. Само неколку дена по влегувањето на единиците на Народноослободителната војска во Скопје, додека во околината продолжувале операциите на разбивање на остатоците од непријателските сили, пристигнале членовите на Президиумот на највисокиот орган на македонската држава, Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), членовите на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и на раководствата на масовните општествено-политички организации.

Вонредното заседание на АСНОМ од 14 април 1945 година, има посебна улога за целосното конституирање на новата македонска власт. На заседанието бил донесен Закон за измена на името на АСНОМ во Народно собрание на Македонија, избран нов Президиум на Народното собрание и наименувани првата влада и федерален суд на Македонија. Со сите овие активности се заокружувала државноста на Република Македонија како рамноправен член на идната југословенска федерација.

За време на Втората светска војна стотици борци и илегалци од градот ги положиле своите животи за идеите на антифашизмот и со својата саможртва го вброиле и македонскиот народ во слободољубивите народи на Европа. Меѓу нив биле и борците - истакнати револуционери, чија дејност била тесно поврзана со Скопје: Јордан Николов-Орце, Цветан Димов, Вера Јоциќ, Раде Јовчевски-Корчагин, Александар Урдаревски, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски-Питу, Страшо Пинџур, Боро Петрушевски-Папучар и многу други. За нивниот револуционерен придонес одважност и херојски подвизи постхумно биле прогласени за Народни Херои на Југославија. На скопските гробишта свое спомен обележје најдоа и невините жртви на нацизмот - македонските Евреи кои своето животно патување го завршија во логорите на смртта.

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 10:59 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Модерните времиња
По Втората светска војна, со формирањето на македонската држава, Скопје станува главен град на Социјалистичка Република Македонија и започнува да се развива како значаен политички, економски и културен центар. Периодот од 1944 па се до 1963 година претставува време во кое градот добива интензивен и значаен развој во областа на производството, образованието, науката, културата и неговото урбанистичко оформување. Така, на 27 јануари 1945 г. Радио Скопје започнува за првпат со емитување редовна програма на македонски јазик. На 3 мај истата година била објавена првата азбука на македонски јазик, а некој месец потоа излегол од печат и првиот правопис на македонскиот јазик. Во следната 1946 г. во Скопје од Софија биле пренесени посмртните останки на апостолот на македонската националноослободителна борба Гоце Делчев и тие биле свечено положени во гробот во дворот на црквата Св. Спас. Во истата година бил донесен и Првиот Устав на НР Македонија. Следуваат петнаесетина години на изградба на градот и неговото преформулирање во главен град: во него се изградени и отворени најважните институции на државата. Во 1958 г. била обновена укинатата Охридска археиепископија како православна црква на македонскиот народ и епископот Доситеј бил избран за нејзин архиепископ.

Според новите основни урбанистички планови на градот, било извршено негово проширување, реконструкција и изградба на нови капацитети на зголемување на постојното градителско наследство од областа на домувањето, образованието, индустријата, науката, културата и услужните дејности. Домувањето веќе ги зафатило просторите на денешните населби „Карпош“, „Мичурин“, „Кисела Вода“, „Козле“, „Млин Балкан“ и други. Индустријата се проширува од просторите на „Треска", „Алумина“ и „Кисела Вода“ со заземање на површините на север од центарот: „Железара“ на исток, „Источна индустриска зона“ и „Југоисточна индустриска зона“ и др. Наследената улична мрежа, во согласност со проширувањата на функционалните зони и бројот на жителите истовремено се проширува, а наследените толченички коловози и тротоари се асфалтираат. Големината на развојот на Скопје е изразена и во проширената кадровска основа на општетсвено-политичкиот и економскиот живот на градот. Највисок дострел е развојот на високото школство со оформувањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (во 1939 г. во Македонија постоеше само еден - Филозофски факултет со настава на српски јазик). Универзитетот започнува да оформува нови високообразовни и научни кадри, за во 1967 година да се стигне до формирањето на Македонската академија на науките и уметностите. Во Скопје се одвива плодна дејност на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, Театарот на албанската и турската народност, Филхармонијата на Македонија, „Танец“ итн. Најдобрите дела на светското творештво за првпат се преведуваат на македонски јазик.

Развојниот пат на Скопје бил сопрен со природна катастрофа: на 26 јули 1963 година катастрофален земјотрес, со јачина од 9° според Меркалиевата скала, го разурна градот. Тоа беше најголем земјотрес во Европа во тие 55 години. Катастрофалниот земјотрес му нанасе големи човечки и материјални штети на градот. Повеќе од 80% просветни и културни установи се најдоа под урантините. Градот преживеа, ама Старата железничка станица, Поштата, Банката, Домот на Армијата, хотелот „Македонија“ и многу други згради беа урнати. Плоштадот „Слобода“ се најде целиот во урнатини. Катастрофалниот земјотрес уништи цели скопски семејства.

И одново Скопје започнува да се изградува и обновува, станувајќи град на солидарноста и помошта што ја доби не само од Обединетите нации, туку и од 77 земји од целиот свет. По две години работа, во која учествуваа стручњаци од Јапонија, Полска, Холандија, САД, Италија и Југославија се поставени основите за обликување на новиот изглед на централното градско подрачје. Оваа сложена работа се одвива напоредно со изградабата на околу 15000 монтажни станови за згрижување на скопските семејства со разрушени домови. За да се потенцира новиот центар, во Скопје е изграден Градскиот ѕид - комплекс од високи градби коишто ја опкружуваат централната површина од сите страни. Со оглед на се поголемиот пораст на моторниот сообраќај е проектиран и систем од четири градски лонгитудинали со правец запад-исток, на кои во напречен правец се надоврзува мрежа од трансверзални сообраќајници. Централното градско подрачје одново добило низа општетсвени, научни, стопански и други активности и функции. Богатството на овие разнородни функции и содржини го надополнуваат каракатеристичната силуета и доминанатната положба на тврдината „Кале“. Содржината во центарот ја надополнува комплексот на Старата чаршија поврзан со плоштадот „Македонија“ преку стариот „Камен Мост“. Како град на солидарноста во 1970 година тогашниот Генерален секретар на ООН, У. Тант го посети Скопје, при што тој е прогласен за почесен граѓанин.

Скопје и по 1991 година и осамостојувањето на Република Македонија се развива како културен центар којшто добива нови урбани контури и посовремен градежен лик. Скопје е град на автохтона културна традиција, синтеза на она што сите народи при својот престој во него го оставиле како траги со трајни белези и културни значења, но е и град со своја универзална димензија на творечка цивилизација што ја одгледува и догледува иднината

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Uto Dec 06, 2005 11:01 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Споменици на културата
Ако сакаме да фрлиме поглед врз култната и профаната градежна и уметничка активност на луѓето од изминатите епохи во регионот на Скопје, и макар низ бегол поглед да овозможиме барем појасна и поверна слика за нивните дострели и развоен пат, се обраќаме кон спомениците на културата, како кон стара, света, со посебни знаци испишана книга, во која се раскажува чудна историја за земја распната на крстопат што ги дели Исток и Запад, земја и во неа град, со посебен дух и креативна сила, со исконско искуство да се биде и остане наспроти вековните непогодности и мрачните сили вечно присутни на овие ветрометини.

Христијанството, со својот култ и префинета уметност, рано продрело во Скупи и длабоко ги всадило своите корени, за што сведочат остатоците од монументалните храмови подигнати скоро истовремено кога и во другите градови во Македонија: Стоби, Хераклеја Линкестидска и Лихнидос. Христијанството го овозможило забрзувањето на процесот за продирање на влијанието на византиската култура меѓу новонаселените Словени. Словените, пак, од Македонија, дошле во најнепосреден контакт со богатата византиска култура. Примајќи ја религијата и нејзините обреди, тие станале врска помеѓу византиската култура и другите словенски народи..

Во Милутиновата повелба од 1300 година се спомнуваат повеќе детали на скопското Кале, како и палати, дворци и цркви: најстарата црква била Св. Георги Горгос, но се спомнуваат и уште многу скопски цркви. Така, крај Големата врата на тврдината била црквата Св. Богородица. Во најблиското подградие биле големата црква Св. Богородица Троеручица, веројатно на просторот меѓу Калето и Серава. Јужно од неа се наоѓала црквата Св. Георги на велможата Апокавк, а веројатно малку позападно се наоѓала црквата Св. Никола. На Серава, веројатно на местото на денешната чаршија, се наоѓала црквата Св. Врачи, а малку посеверно од неа - црквата Св. Никоје. Од овој документ се познати и црквите Св. Прокопиј, Св. Атанасиј и Св. Петка, веројатно на просторот нешто малку северо-источно од денешната Султан-Муратова џамија. На ридот северно од Калето, најверојатно се наоѓала црквата Св. Марина. Црквата Св. Георги во пештерата Церебулска се наоѓала под самото Кале на вардарската страна.

Од едно вакво богатство не е останата никаква трага и сите цркви се уништени во текот на XV и XVI век. По заземањето на Скопје (1395), Турците, го одредувајќи го градот за свој административен центар, почнале во него сосем доследно да ја спроведуваат акцијата за постепено уништување и одумирање на култните христијански објекти. Некои од црквите и манастирите што се наоѓале во градот настрадале уште при првиот налет на војските, а оние што преостанале биле осудени на постепено умирање, како последица од неможноста на осиромашената црква да ги одржува објектите. Пропаѓањето на старите цркви и забраната за ѕидање нови отворале место за засилена градба на муслимански култни објекти и згради на профаната архитектура. Така, уште во првите децении по заземањето на градот, султан Мурат II, таткото на султан Мех мед Освојувач, во 1436 година, на местото на најголемиот и најбогат скопски манастир, Св. Георги Горга, ја изградил Султан Муратовата-Хјункар џамија. Ова џамија е единствената задужбина на еден султан на територијата на Македонија и се смета за една од најубавите градби на Балканот. Само две години подоцна (1438) се вивнало кон небото уште едно минаре на џамија изградена со средства на заповедникот на Скопје, Исхак-бег.

Следејќи ги градбите на муслиманските култни и профани објекти во Скопје, ќе ги споменеме Иса-беговата џамија (1475), Мустафа-пашината џамија (1492), Даут-пашиниот амам (помеѓу 1489 и 1497 година), Јахја-пашината џамија (1504), Куршумли-ан (XVI век), Саат-кула во склопот на Хјункар-џамија (1566—1572), Хусеин-шах-пашината џамија во Сарај (1577—1578) и Безистенот (1689).

Во замена на ваквата скудност во податоци за уметноста на Скопје, непосредната и пошироката околина на Скопје има доста зачувани и вредни споменици од периодот меѓу XII и XIV век. Најстар и најзначаен меѓу нив е црквата Св. Пантелејмон во селото Нерези, градена во 1164 година од велможата Алексиј Комнен, како крстообразна петкуполна градба и декорирана со извонредни фрески. Во Скопска Црна Гора има неколку зачувани споменици од XIV век. Меѓу нив најзначајна е црквата Св. Никита, обновена по порачка на крал Милутин во 1307 година, како трикорабна крстообразна куполна градба со вонредно значаен живопис од Михаило и Евтихиј. Велмошката Даница нарачала, во 1337 година, да се изгради трикорабно-крстообразната црква Св. Никола во селото Љуботен. Во селото Кучевиште се наоѓа еднокорабно-крстообразната црква Св. Архангел.

Камениот мост
Камениот мост, без кој Скопје тешко може да се замисли, со векови ги поврзува двата брега на Вардар на најпрометното место во центарот на градот.

Бил изграден кон средината на XV век и повеќе пати реставриран. Камениот мост е изработен од обработени камени блокови. Целата конструкција се потпира на столбови втемелени во коритото на реката и поврзани со 13 полукружни лакови, кои растат кон средината, давајќи му на мостот специфична физиономија.



Co текот на времето е преправан и поправан од Византијците, потоа и од старите српски феудални владетели. Според турски извори, мостот во овој облик е изграден во втората половина на 15-от век, за време на владеењето на султанот Мехмед II. Но, според друго мислење подигнат е во првата половина на 15-от век, за време на владеењето на султанот Мурат II. Во прилог на ова тврдење е записот во вакуфнамата на Иса-беговата џамија.

Камениот мост претрпел поголеми преправки особено за време на султанот Сулејман Величествениот (1520-1560 г.).

Во 1905 година се изградени бетонските патеки, поставени врз железни траверзи, a во 1937 година е обликуван приодот од новиот дел на градот.

Независно од сите поправки, мостот во основа го сочувал својот првобитен изглед. За време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година не претрпе никакви оштетувања. Последните години се прават сериозни зафати за негова ревитализација.

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
amela2hot
Početnik Domaćeg.de
Početnik Domaćeg.de



Godine: 39

Datum registracije: 25 Mar 2005
Poruke: 171
Mesto: Skoplje

macadonia.gif
PorukaPostavljena: Pon Jan 02, 2006 5:12 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Sa statistikama 2004-te godine Skopje ima 850.000 stanovnika...neka naselja koja su bila van njega, prebacena su u opstini grada, tako da je Skopje dobilo i na povrsini...

_________________
You can have a friend only if you be one...
 
zvoncica_nis
Upozorenja: 1 od 3

Početnik Domaćeg.de
Početnik Domaćeg.de





Datum registracije: 04 Dec 2005
Poruke: 164
Mesto: Nis

yugoslavia.gif
PorukaPostavljena: Sre Feb 22, 2006 12:34 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

vodno
 
pinkie
Prijatelj foruma
Prijatelj foruma



Godine: 44

Datum registracije: 01 Okt 2004
Poruke: 19325
Mesto: u skrivenom kutku

serbia.gif
PorukaPostavljena: Sre Feb 22, 2006 10:01 am    Naslov poruke: Na vrh strane Na dno strane

Makedonci kaoljudi su moja omiljena nacija...jednostavnoljudi imaju dusu..no da se ne ponavljam..zaista zivimza dan kada cu ponovo biti uprilici da odem u Makedoniju i posetim Skoplje..da prosetam Kejom pored Vardara..da posetim neka mesta koja odavno nisamvidela... Rolling Eyes

_________________
Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander)
 
Prikaz poruka:   
Upišite novu temu   Odgovorite na temu    www.domaci.de Forum Indeks -> ~ Svet i putovanja ~ -> ~ Znam za jedan grad ~ -> Skopje Vreme je podešeno za GMT + 1 sat
Strana prethodna  1, 2, 3  sledeća
Strana 2 od 3

 
Pređite u:  
Vi ne možete otvarati nove teme u ovom forumu
Vi ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
Vi ne možete menjati Vaše poruke u ovom forumu
Vi ne možete brisati Vaše poruke u ovom forumu
Vi ne možete glasati u anketama u ovom forumu
Vi ne možete postavljati fajlove u ovom forumu
Vi ne možete preuzeti fajlove sa ovog foruma





- Burek Forum - Doček Nove 2018. godine - Venčanja, svadbe - Proslave - TipoTravel - Kuda večeras - Anwalt - legal -

Bookmark to: Twitter Bookmark to: Facebook Bookmark to: Digg Bookmark to: Del.icio.us Bookmark to: StumbleUpon